Bekim Laci
23 Февруари 2016•Ажурирај: 25 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Институтот за Комуникациски студии, организираше дебата во рамки на проектот „Изразување на јавен интерес: растењето на моќта на медиумите и граѓаните во заштитата на јавната политика”, која има за цел подигање на свеста на граѓаните и на вклучување на професионалци во процесот на заштита на интересите на јавноста, Anadolu Agency (AA).
Во дебатата промовиран е документот за јавна политика, „Медиумите во Македонија - заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси”, кое што според организаторот ја рефлектира улогата на медиумите во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес.
Снежана Трпевска, истражувач во Институтот за комуникациски студии, изјави дека објавувањето на документот доаѓа еден ден по изјавата на меѓународната заедница дека во Македонија нема услови за одржување на изборите на 24-ти април.
„Овој документ зборува за највлијателните медиуми, бидејќи паралелно, Институтот прави суштински мониторинг на телевизиите со национална лиценца. Нашиот заклучок е дека највлијателните медиуми постојано известуваат еднострано, ги кршат стандардите на новинарството со што во овој предизборен период не им овозможуваат на граѓаните да носат одлуки врз основа на вистинските информации”, вели Трпевска.
Амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Чарлс Гарет, ги охрабри учесниците да дебатираат за предизвикот, дали медиумите му служат на јавниот интерес или се заложници на политичките интереси.
„Јавниот интерес и односи со медиумите со тоа, претставуваат фундаментално значење за демократијата. За да процвете демократијата, треба континуирано снабдување на граѓаните-гласачи со информации врз основа на кои да се изгради мислење врз основа на кои тие ќе гласаат”, рече тој, додавајќи дека тие се причините зошто нам ни треба сигурни медиуми.
Според активистот Петрит Сарачини, ако се погледне системот на медиуми ќе се види дека тој е развиен, бидејќи како што рече, Македонија има телевизии, радиа, весници, развиени со добра законска регулатива и спроведена дигитализација како и онлајн медиуми.
„Меѓутоа, ако анализираме ќе видиме дека целиот систем е прекршен од страна на политичките и економски елити кои ги заложувале медиумите”, рече тој.
Организаторот вели дека проектот опфаќа три компоненти, од кои една во соработка со медиумите во земјава ќе го води новинарството во насока да му служи на јавниот интерес.