Stipe Mayiç
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Откако Томислав Карамарко на чело на ХДЗ од Саборот службено побара гласање за доверба на премиерот Тихомир Орешковиќ, тој предлог денес е вклучен во собраниската процедура, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Саборот, Жељко Рајнер, денес во службена собраниска процедура ги вклучи барањата на ХДЗ, собраниските застапници да се изјаснат за довербата на првиот човек на владата, Тихомир Орешковиќ.
Се очекува дека за недоверба на премиерот ќе гласаат пратениците од Татковинската коалиција, но и поголем дел на чело со СДП која најави дека целта на отповикувањето на премиерот е што побрзо да се сруши Владата.
Предлогот за отповикување на премиерот Орешковиќ денес во Саборот на дневниот ред сврсти 42 пратеници од редот на ХДЗ и ХСП АС.
Владата сега има осум дена да одговори на предлогот, а крајниот рок на Саборот за изгласување доверба на премиерот е 30 дена од денес.
Доколку Саборот ја изгласа недовербата на Орешковиќ, Владата ја губи својата функција и го почнува својот 30-дневен рок за собирање на нови собраниски совети и предлагање на нов мандатар кој мора да има најмалку 76 собраниски пратеници зад себе.
Противниците на Орешковиќ го обвинуваат за бројот на вработени во репресивниот апарат, за политизација на безбедносно-разузнавачките агенции со цел предизвикување еден вид „кацелариски удар ”, како и невнимателен однос кон економските и социјални прашања и некоректен однос кон политичките партнери во Владата, посебно кон ХДЗ, кој го предложи за премиер со согласнот на Мост.
На Саборот од страна на Мост предложено е и изгласување на недоверба на Томислав Карамарко, но и изгласување недоверба на Божо Петров и Карамарко од страна на премиерот Орешковиќ.
Саборот ќе ги одложи нивните барања бидејќи смета дека прашањето за доверба на премиерот Орешковиќ е од примарна важност.