Adel Ömeragiç
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска рече дека сите податоци до кои дошле срспките разузнавачки служби во врска со нападите на институциите на системот на Црна Гора на денот на изборите ги имаат и службите во Црна Гора. Тој истакна дека се чувствува сигурно и дека очекува во наредните денови да бидат познати уште некои детали во врска со планирањето на терористичкиот напад во Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓукановиќ на новинарите им рече дека дел од истрагата кој е воден во Србија го потврдил она за што зборувале во текот на предизборните кампањи и во пресрет и на денот на изборите, 16 октомври.
„Имаме силна инволвираност на странски фактори кога е во прашање црногорскиот процес на парламентарните избори и дека се служат со нелегални пари и методи кои секако се надвор од сите прописи и надвор од сите системи на државата. Логично е да во Црна Гора можевме да се бавиме со извршителите, а во Србија со оние кои ги организирале и се бавеле делумно со оние кои ги инспирирале и кои го платиле организаторот. Според тоа, сега е откриена втората карика и одиме кон третата карика", рече Ѓукановиќ.
Зборувајќи за информациите кои синоќа ги соопшти премиерот на Србија Александар Вучиќ, дека никој од црногорските и српските политичари не стои зад обидот на терористичкиот напад во Црна Гора, Ѓукановиќ рече дека е точно дека до сега нема јасни докази.
„И поради тоа како одговорни луѓе не зборуваме неодговорно, но пред некој ден не беше познато ниту кој учествувал во организацијата во Србија, а сега е познато. За некој ден можеби уште нешто ќе биде познато, бидејќи навистина би била сушта коинциденција дека оние кои дошле да го заземат парламентот пукаат во граѓаните, сметаат дека некој непознат ќе собере неколку илјади луѓе пред парламентот и дека тоа нема никаква врска со она што лидерите на Демократскиот фронт го најавувале повикувајќи го народот да се собере", рече Ѓукановиќ.
На прашањето дали се чувствува безбедно, тој рече дека не би дошол да ја посети завршената делница на патот во Марковина доколку не се чувствувал така.
„Не треба да се шири паника. Во секое време и на секој меридијан имало луѓе кои се обидувале да го пореметат чувството на правната безбедност на граѓаните. Тоа почесто го правеле криминалци и делови на мафиите, а понекогаш тоа е правено и со политички цели. Секако, ќе се потрудиме оние кои се обидуваат да ни ја пореметат правната сигурност да ги сместиме на соодветно место, без оглед кој е во прашање", наведе Ѓукановиќ.
Црногорскиот премиер рече дека криминалците секогаш се во улога на краен извршител.
„Ѓинѓиќ не го убија академици, туку му послужија на некого. Е сега дојдовме до тоа кому му служеле овие, па ќе видиме кому уште служеле и со кого соработувале, тајно и јавно, што премолчале, што со договориле во Белград, а што во Москва или на некоја друга адреса од која нема јасни сигнали. Но, ќе дојдеме до се", рече Ѓукановиќ.
На прашањето како коментира тоа што од медиумите дознал за обидот за државен удар и плановите за неговото апсење рече дека е потполно ирелевантно како е информиран за тоа.
„Тогаш дознав од медиумите, затоа што тоа беше неколку часа откако, по налог на специјалниот државен обвинител, полицијата приведе одреден број луѓе. Имаше поприоритетна работа во тие неколку часа отколку да ги информираат функционерите кои се, а со тоа и актерите на политичкиот процес. Не може да се задоцни со информирање и потполно е ирелевантно дали сум информиран од медиумите или од државен орган, очигледо добро сум информиран", нагласи Ѓукановиќ.
Црногорската полиција на 16 октомври уапси 20 државјани на Србија кои се осомничени за тероризам и криминално здружување. Специјалното државно обвинителство на Црна Гора ја осомничи групата која ја предводел поранешниот командант на српската жандермерија Братислав Дикиќ, дека планирала во време на прогласување на резултатите на парламентарните избори, со употреба на оружје, да ги нападне собраните граѓани пред Собранието на Црна Гора и службениците на Управата на полицијата, а потоа да заземе простории на Собранието, со намера да прогласат изборна победа на одредени политички партии. Се сомнева дека планот на криминалната организација бил лишување од слобода на премиерот на Црна Гора.