Kristina Maslareviç
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на НР Кина Си Џинпинг се заблагодари на гостопримството и внимателната организација на неговата посета и додаде дека е почестен што претседателот на Србија Томислав Николиќ го одликуваше со Орден на Република Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кина и Србија се севременски пријатели и важни партнери. Нашите односи ги издржаа искушенијата од времињата на историјата. Кина придава големо значење на соработката со Србија, сметајќи дека Србија е сигурен партнер и голем пријател", рече Џинпинг и додаде:
Уверен сум дека мојата посета на Србија ќе биде во корист од зацврстување на традиционално српско-кинеското пријателство, унапредување на политичката доверба, продлабочување на взаемно корисната соработка , како и остварување на заедничката соработка и просперитет".
Наведувајќи дека вчера и денес со Николиќ имаше пријателски разговори, при што размениле мислења и постигнале широк консензус, Џипнпинг рече:
„Практичната соработка е најважна во нашите односи. Се согласивме дека Кина и Србија и понатаму пружаат поддршка една на друга за прашањата од клучен интерес. Кина ги разбира и поддржува напорите на Србија за членство во ЕУ. Србија е спремна да биде активен, долгорочен фактор за зачувување на кинеско-српските односи, да биде мост за заедничкото градење на партнерство помеѓу Кина и ЕУ."
На почетокот од своето обраќање претседателот Николиќ рече дека Србија има голема чест и задоволство после три децении да го угости претседателот на НР Кина и додаде дека „Србија не бара помпш, туку рака на пријателство,за да ги надмине потешкотиите во кои се наоѓа веќе долга низа на години".
Наведувајќи дека сите сегменти на билатералната соработка на двете земји длабоко се проткаени со личен придонес на претседателот на Кина и дека политичката стабилност и економскиот напредок на Србија не би биле возможни без иницијативата на претседателот Џинпинг", Николиќ рече:
„Кога Србија се соочуваше со политичките тешкотии, Кина претставува столб за потпирање. Непризнавањето на еднострано прогласената независност на Косово како и поддршката на нашите напори Косово да стане членка на УНЕСКО, претставуваат континуитет на драгоцената поддршка Србија да ја сочува територијалната целост, со доследна примена на меѓународното право".
Николиќ истакна и дека „недвосмислено му дал на знаење на претседателот Џинпинг дека Србија ќе продолжи да ја поддржува политиката на Кина и принципиелната политика која води соработка и мирно решвање на сите прашања со дијалог".
Пред заедничкото обраќање на медиумите, претседателите Џинпинг и Николиќ присуствуваа на потпишуваењ на 22 договори, од областа на стопанско-техничката соработка, градежништвото, инфраструктурата, сообраќајот, одбраната, дипломатијата, туризмот, трговијата, образованието, културата.
Заедничката изјава на Србија и Кина за воспоставување на севкупно стратешко партнерство потпишаа претседателите Џинпинг и Николиќ, а помеѓу останатите потпишан е и Меморандум за разбирање за воспоставување на Центарот за соработка во областа на сообраќајот и инфраструктурата помеѓу Кина и земјите на Централна и Источна Европа, потоа Меморандум за разбирање за заедничко вложување во проекти за обновлива енергија, Договор за соработка помеѓу медиумските куќи и Писма за билатерален валутен своп аранжман помеѓу Народна банка на Србија и Народната банка на Кина.