Kristina Maslareviç
18 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
БЕЛГРАД (AA) - Пред Палатата на Србија, претседателот Томислав Николиќ приреди свечен пречек за претседателот на НР Кина Си Џинпинг, кој вчера ја започна тридневната посета на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на свечениот дочек интонирани се химните на Србија и Кина, уприличена е почесна палба со десет плутони, а потоа претседателите Николиќ и Џинпинг извршија смотра на почесната гарда и ги претставија своите делегации.
По свечениот пречек, претседателите на Кина и Србија започнаа тет-а-тет состанок, а потоа ќе присуствуват на потпишување на планираните спогодби и протоколи, за кои е најавено дека ќе би биде повеќе од 20.
Претседателот Николиќ пред заедничкото обраќање на двајцата претседатели на медиумите, на Џинпинг ќе му врачи Орден на Република Србија.
За вториот ден од посетата на кинескиот претседател и неговата делегација планирано е да се одржат низа билатерални состаноци, а на едниот од нив ќе се сретнат делегациите на Србија и Кина.Со претседателот на Кина Џинпинг на одвоените билатерални состаноци ќе се состане и премиерот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Народното собрание на Србија Маја Гојковиќ.Вечерва претседателот Николиќ со сопругата ќе организираат свечена вечера за претседателот Џинпинг и неговата сопруга во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Република Србија.
Третиот ден од посетата, утре, кинескиот претседател заедно со претседателот на Србија ќе ја посетат Железара во Смедерево, која неодамна ја купи кинескиот Хестил, а домаќин во Смедерево ќе им биде премиерот на Србија Александар Вучиќ.