Enes Canlı
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
АНКАРА
На социјалните мрежи е продолжено ширењето дезинформации за операцијата „Извор на мирот“, која турските сили на 9 октомври ја покренаа со цел воспоставување мир и безбедност во Сирија и уништување на коридорот кој терористите настојуваат да го оформат јужно од границата со Турција. Овој пат се злоупотребени потресни фотографии на настрадани цивили, кои симпатизерите на терористите се обидоа да ги претстават како да биле направени за време на операцијата „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи сѐ почесто се појавуваат информации, фотографии и видеоснимки направени на различни места во различно време, а кои симпатизерите на терористите се обидуваат да ги претстават како да настанале за време на операцијата „Извор на мирот“.
Поддржувач на терористичката организација се обиде и фотографија на загинати деца да ја пласира со лагата дека е направена во Рас ал Ајн. Фотографијата е направена во 2016 година во Јемен.

Еден од профилите се обидел фотографијата на која се гледаат тела на мајка и дете меѓу урнатините направена во септември 2016 година во Сирија, да ја претстави како да настанала за време на операцијата „Извор на мирот“. На објавата е означен и профилот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Симпатизер на терористите се обидел да претстави фотографија на загинато дете чие тело е извлечено од урнатините по бомбардирањето, извршено од силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, како да е направена за време на операцијата „Извор на мирот“. Фотографијата е всушност направена во септември 2012 година.

Манипулаторите, повторно означувајќи го американскиот претседател Трамп, се обиделе вознемирувачка фотографија на загинато дете, насловена „Благодарам, тоа што ти верувавме нè донесе овде“, да ја претстават како да е направена за време на операцијата „Извор на мирот“. Фотографијата е објавена во ноември 2018 година од членовите на „Бели шлемови“, кои се познати по своите активности во областа на цивилната заштита во Сирија.

Профилот на лицето кое ги поддржува терористите сподели фотографија од дете со рането лице со тагови насочени против операцијата „Извор на мирот“. Фотографијата, всушност, настанала во ноември 2017 година на друга локација.

Поддржувачите на терористичката организација манипулираа со содржини и ширеа дезинформации и за време на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.