Fatma Esma Arslan
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Терористичката организација ПЈД/ПКК во кампањата на клеветење на операцијата „Маслинова гранка" која Вооружените сили на Турција ја покренаа во сирискиот Африн со цел неутрализирање на терористичките елементи, користи и фотографии на Anadolu Agency (AA), а утврдено е дека злоупотребиле фотографија која 2016 година е наградена во рамките на натпреварот AA Istanbul Photo Awards, сервисирајќи ја како дека е снимена во Африн.
За фотографијата објавена на Твитер со навод дкеа „турски војници се заробени во Африн", се испостави дека е снимена на 3. март 2014 година. Во сопствеништво е на Anadolu Agency и на неа се 20 војници кои ги погубија терористите на ДЕАШ во Ирак.
Фотографиите објавени на Твитер со навод „спасете го Африн" на кои се наоѓаат ранети деца, исто така немаат врска со Африн. Снимени се на 11 октомври и 11 јули 2016 година. Двете се во сопственост на АА, а на нив се деца ранети во текот на руското бомбардирање на Алепо во Сирија.
Профилите на социјалните мрежи блиски до терористичката организација ПЈД/ПКК, не застанаа само на користење на фотографии на АА со цел клеветење на операцијата во Африн. Имено, фотографијата која освои прво место на натпреварот AA Istanbul Photo Awards исто така е споделена со наводи дека е снимена во Африн.
Фотографијата на натпреварувањето на AA Istanbul Photo Awards победи 2016 година, ја сними Абд Думани на темата „крик на помош на сириските деца". Профилите блиски до терористичката организација ПЈД/ПКК таа фотофрафија ја објавија неодамна со навод „Африн нема да падне".
Откако АА започна да разоткрива дека фотографиите кои се користат во клеветање на операцијата Маслинова гранка снимени во некое друго време и на други места, профилите блиски до терористичката организација почнаа да преземаат фотографии од интернет и да ги користат во својата кампања на лаги.
Приврзаниците на терористичката организација ПЈД/ПКК користеа дури и фотографија од камион од каталог на една логистичка компанија која се занимава со транспорт.
Голем број фотографии објавени со цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка", како што се испостави, немаат никаква врска со операцијата.