Müslüm Etgü
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Бегалците од Сирија во бегалските кампови во Турција нестрпливо го очекуваат исходот од мировните преговори за Сирија, кои би требало да започнат утре во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
Мировните преговори ќе бидат организирани со цел завршување на војната во Сирија која трае веќе неколку години. Обидените нации (UN) испратија покана до сите страни кои ќе учествуваат во преговорите, меѓутоа информациите околу тоа кој ќе учествува на нив сè уште не се поделени со јаноста.
Турција не сака претставниците на ПЈД, кој е огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, да бидат присутни на преговорите.
Хајан Ахмед, бегалец од Сирија, сместен во бегалскиот камп во Шанлиурфа, на југот на Турција, кажа дека се надева на позитивни резултати од преговорите.
Ахмед додава дека се надева дека сириската криза ќе се реши по дипломатски пат.
„Внимателно го следиме развојот на настаните, но кога ќе се погледнат соопштенијата, не очекуваме дека ќе биде постигнато решение во блиска иднина. Земјите кои го имаат главниот збор во меѓународната заедница може да стават крај на војната во Сирија. Доколку се случи тоа, нашата надеж за враќање во татковината ќе биде поголема. Мечтаеме за Сирија без војна и бомбардирања. Доста е веќе, сакаме да се чуе гласот на овие невини луѓе”, истакна Ахмед.
Тој додаде дека луѓето во Сирија пред војната живееле во братство и слога, но за жал сега не е така.
„Сакаме само луѓето кои војната ги натера да се иселат, да се вратат во своите куќи, децата во училиштата, а земјоделците на нивите”, додаде Ахмед.
Слично мислење има и Сулејман Халил кој сака крај на војните во муслиманските земји.
„Љубопитно очекуваме исход од мировните преговори во Женева. Немаме голема надеж, но се молиме војната да заврши. Странските земји, првенствено Русија, нека отстапат од интересите во Сирија”, рече Халил.