Hasan Esen
12 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
ЛОНДОН (АА) - „Амнести интернешнал“ („Amnesty International“) побара ослободување на фоторепортерот на Anadolu Agency (AA), Мустафа Харуф, кој беше приведен и постои можност? обид да биде депортиран од страна на израелската Влада, и побара од нивните поддржувачи да преземат мерки со цел да се запре неговата депортација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на „Amnesty International“, Харуф од 22 јануари арбитрарно се задржува во израелскиот Центар за депортација „Гивон“ .
Во соопштението се вели дека израелското Министерство за внатрешни работи го одбило барањето на Харуф за повторно обединување на семејството, и дека е донесена одлука за негова итна депортација во Јордан. „Тој во секој момент се соочува со ризик од депортација“, се додава во соопштението.
Се нагласува дека фоторепортерот на АА, Мустафа Харуф, ги следел прекршувањата на човековите права во Источен Кудс од страна на израелските сили.
„Amnesty International“ побара од своите поддржувачи итно да преземат мерки за укинување на одлуката за депортација.
- „Со депортацијата, постои обид за спречување на новинарските активности“
Во соопштението се нагласува дека ова барање на „Amnesty International“ ќе биде напишано на три јазици, англиски, арапски и еврејски јазик, и се упатува апел барањето да биде испратено до Министерството за внатрешни работи на Израел или до Амбасадата на Израел.
Во ова соопштение е објавен и пример за текстот во врска со ова прашање.
„Amnesty International стравува дека одлуката за арбитрарното приведување и присилната депортација на Мустафа Харуф има за цел спречување на новинарските активности“, се вели во текстот, каде што се нагласува дека депортацијата на фоторепортерот на АА ќе се смета за прекршување на Договорот од Женева, чиј дел е и Израел.
- Харуф веќе 80 дена е во притвор
Израелските сили на 22 јануари го приведоа фоторепортерот на АА, Мустафа Харуф, од неговата куќа, со образложение дека немал дозвола за престој. Судот на последното рочиште на 31 март му го продолжи рокот за притвор на Харуф до 5 мај 2019 година.
Харуф продолжува со правната борба, додека Израел сака фоторепортерот на АА да го отстрани од Источен Кудс, каде што пораснал и каде што неговото семејство живее, со образложение дека нема дозвола за престој, и да го депортира во Јордан.
Харуф е роден во 1986 година во Алжир, каде што неговиот татко отишол за работа, а на 12-годишна возраст заедно со неговото семејство дошле во Источен Кудс. Од тој ден Харуф се обидува да добие дозвола за престој, но и по 20 години тој сè уште не успеа да добие дозвола за престој.
Харуф се ожени со Темам, која поседува „лична карта за Кудс“, која претставува дозвола за престој во Источен Кудс. Тој во изминатите години поднесе барање за обединување на семејството, но не доби резултат.
Доколку израелските власти го депортираат Харуф, тој ќе се раздели од неговата сопруга Темам и од неговата 1,5-годишна ќерка, Асја.