İnci Gündağ
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Бискупот на Англиканската црква во Ливерпул, Пол Бејс, ги критикуваше верските лидери во САД поради поддршката на американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој во интервју за британскиот весник „Guardian“ (Гардијан), истакна дека одредени христијански верски лидери без никакви критики го прифаќаат она што го велат Трамп и неговите сојузници.
Бискупот наведува дека христијанска должност е да се пружи поддршка и да се заштитат слабите и сиромашните.
„Кога ќе погледнеме одредени изјави кои ги изговараат верските лидери, можеме да забележиме дека тие се поклопуваат со еден систем кој ги отфрла сиромашните. Тоа е систем, кој наместо мостови гради ѕидови, кој на општеството му кажува да ги отфрла лицата кои се бегалци, тоа е систем во кој на повеќе луѓе не им велиме 'добредојдовте во нашата земја'“, порача Бејс.
Тој истакна дека луѓето, каде ѝ да се наоѓаат, имаат право и слобода да го поддржат популизмот на десното крило, но, како што рече, се поставува прашањето како е можно тука да се пронајде поврзаност со христијанството.