Ayşe Aktaş
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека Асадовиот режим користел најмалку 244 барелни бомби во нападите кои ги извршил во јуни во зоната без судири, јавува Anadolu Agency (AA).
СНХР го објави месечниот извештај во врска со користење на барелни бомби од страна на режимот.
Во извештајот се потсетува дека Турција, Русија и Иран, на состанокот во Астана кој се одржа на 3 и 4 мај, дефинираа четири зони без судири и се наведува дека минатиот месец режимот најмногу барелни бомби фрлил во областа Дера, којашто се наоѓа во зоната без судири во јужниот дел на земјата, како и во Сувејда и Хама. Режимот фрлил најмалку 244 барелни бомби во овие места.
Исто така, се истакнува дека договорот за прекин на огнот во јужниот дел на Сирија постигнат од страна на САД и Русија, стапи во сила на 9 јуни. Според извештајот, по овој датум забележан е пораст на смртните случаи во регионот, но Асадовиот режим не запрел со прекршувањето на примирјето.
Во извештајот се нагласува дека режимот на систематски начин и во голема мера ги користел барелните бомби, извршувајќи убиство ја прекршил 7. точка од Римскиот Статут, а извршил и злосторство врз човештвото.
Во овој извештај се упатува апел до Советот за безбедност при Обединетите нации (ОН) за применување на сериозни санкции кон режимот. Исто така, се вели дека одлуките на Советот за безбедност останале само на зборови, и дека Советот ја изгубил својата доверливост и цел.
СНХР во извештајот побара да се стави ембарго на оружје за режимот во Сирија, како и да бидат осудени лицата и институциите кои му даваат поддршка на Асадовиот режим во пари и оружје.
- Цената им е 50 долари, а ефектот е голем -
Режимот ги преферира барелните бомби бидејќи имаат ниска цена и голем ефект на уништување.
Режимот со барелни бомби претежно ги погодува цивилните области, и има за цел да предизвика најголема загуба на животи.
Според количината на експлозивите поставени во барелните бомби, тие можат да нанесат штета во домет од 50 до 200 метри од местото на пад.
Циливите се принудени да мигрираат поради предизвиканата штета во населените места од страна на барелните бомби.