Ali Cura
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
КИЕВ (АА) - Про-руските сепаратисти во источниот дел на Украина 18 пати го прекршија примирјето, додека во настанатите судири животот го загуби еден украински војник, а двајца се ранети, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението на прес-центарот на Штабот за борба против тероризмот во Украина, интензивно продолжуваат судирите во Донбас.
Во ова соопштение се наведува дека во текот на ноќта се одговорило на нападите на сепаратистите во близина на рудниците Авдејевка и Бутовка, кои се наоѓаат во областа Донецк. Исто така се истакнува дека во областа Луганск се извршени напади со артилерија со калибар од 120 милиметри.
„Сепаратистите изминатиот ден 18 пати го прекршија примирјето, а еден украински војник го загуби својот живот“, се вели во соопштението.
- Во последните триесет дена загинаа седум цивили -
Од друга странa, потпретседателот на Специјалната набљудувачка мисија на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Украина, Александар Хаг, во една изјава информираше дека како резултат на настанатите судири во областа Луганск, во последните 30 дена животот го загубиле седум цивили. Хаг пренесе дека од почетокот на годината, во Донбас загинале 341 цивил, и истакна дека во последната недела за 55 отсто се зголемило прекршувањето на примирјето во регионот.
Според Обединетите нации (ОН), од почетокот на судирите меѓу провладините сили и проруските сепаратисти досега, во Донбас, загинале над 10.000 лица, од кои 2.700 цивили, додека 24.000 лица се поврдени.