Betül Yürük
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - По 16 години утврден е идентитетот на лице кое загина во терористичките напади на Светскиот трговски центар во Њујорк, извршен на 11 септември 2001 година, јавува Anadolu Agecny (AA).
Во соопштението на Канцеларијата за судска медицина во Њујорк се наведува дека новата технологија за ДНК анализа покажала дека станува збор за маж, но дека по барање на неговото семејство идентитетот нема да биде споделен со јавноста.
Станува збор за првата успешна идентификација од 2015 година.
Бројот на идентификувани жртви од нападот извршен на 11 септември со последната идентификација се зголеми на 1.641.
Припадниците на Ал-Каеда на 11 септември 2001 година во утринските часови извршија терористички напади во Њујорк и во Вашингтон со четири киднапирани патнички авиони на трансконтинеталните летови од источниот до западниот брег на Соединетите Американски Држави.
Двата авиони удрија во кулите близначки, Светскиот трговски центар (СТЦ) во Њујорк, третиот во Пентагон, а четвртиот авион се урна во Сомерсет Каунти, Пенсилванија.