İhvan Radoykov
01 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
СОФИЈА (АА) – Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, истакнувајќи дека се лојални кон членството во НАТО, рече: „Бугарија не е „тројански коњ“ на Русија во НАТО, напротив, е една од најдисциплираните членки на НАТО“, јавува Anadolu Agency (AA).
Борисов говореше на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Софија. Борисов истакна дека донеле одлука за модернизација на Вооружените сили на Бугарија и дека се лојални кон членството во НАТО.
„Бугарија не е „тројански коњ“ на Русија во НАТО, напротив, е една од најдисциплираните членки на НАТО“, нагласи Борисов.
Тој, истакнувајќи дека премиерот на Русија, Димитриј Медведев, на 4-5 март ќе ја посети Софија, рече:
„Столтенберг дојде по поканата што ја доби пред да биде објавена посетата на Медведев. Со него не разговаравме за областа на енергетиката, тоа не беше на нашата агенда. Од друга страна, бараме дијалог со Русија. Но, и ние треба да сме силни за да бидеме во дијалогот на еднакво ниво.“
Борисов на средбата со Столтенберг рече дека разговарале за Косово, Србија и Северна Македонија и додаде: „Ја нагласивме подготвеноста на нашата Војска во другите кризни жаришта.“
Столтенберг рече дека тие ќе продолжат да ја посетуваат Бугарија, несебичниот сојузник на НАТО.
„Бугарија игра стратешка улога во Црно Море, Косово и во Авганистан. За нас е значаен одговорниот однос на Бугарија, која е сојузник од високи вредности на НАТО, кон нашиот пакт. Благодарни сме на Бугарија за поддршката на Северна Македонија да влезе во НАТО“, рече Столтенберг.
Столтенберг, истакнувајќи дека ја поттикнале Бугарија да инвестира повеќе во одбранбената индустрија, нагласи: „Ние не сакаме нова Студена војна. Но ја повикуваме Русија да остане верна на договорот за ракети со среден дострел. Ракетите што се во сопственост на Русија, во услови на вооружена криза, може да стигнат до европските градови.“
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, подоцна со бугарскиот претседател, Румен Радев, одржа состанок зад затворени врати.