Dmitri Chirciu
01 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека САД, кршејќи ги меѓународните норми, сакаат да спроведат воена интервенција во Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров по средбата со заменик-претседателот на Венецуела, Делси Родригес, во Москва зборуваше на заедничката прес-конференција.
Тој, нагласувајќи дека проблемот во Венецуела треба да се реши по мирен пат, преку дијалог, изрази загриженост за американската политика кон Венецуела.
„САД, кршејќи ги меѓународните норми, сакаат да спроведат воена интервенција во Венецуела. Земјите што ја поддржуваат Венецуела, можат да ја спречат реализацијата на плановите на САД“, нагласи Лавров.
Министерот Лавров наведе дека САД, со санкциите што ги спроведуваат кон венецуелските компании, се обидуваат да создадат хуманитарна криза.
Венецуелскиот потпретседател Родригес рече дека канцеларијата на државната нафтена компанија на Венецуела, PDVSA, од Лисабон, поради санкциите на САД ќе биде преместена во Москва.