Ekipa
19 Февруари 2019•Ажурирај: 20 Февруари 2019
АМАН (АА) - Израел води отворена војна за џамијата „Ал Акса“ во Источен Ерусалим (Кудс), изјави челникот на Палестинскиот национален совет, Салим ал Занун, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повторените напади на „Ал Акса“ се подготовка за просторната поделба на комплексот на светата џамија“, истакна Ал Занун преку соопштение од јорданскиот главен град Аман.
Израелската агресија врз комплексот на џамијата „се спроведува заедно со кампањата за етничко чистење против [палестинските] жители на Ерусалим, кои се протерувани од своите домови и се заменуваат со [еврејски] екстремисти“, истакнува тој.
Ал Занун ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ја прекине со децении долгата окупација на Источен Ерусалим (Кудс), каде што се наоѓа и комплексот на џамијата „Ал Акса“.
Во неделата вечер, израелската полиција привремено го затвори влезот на „Ал Акса“, „Ал Рахма“, потег кој следниот ден предизвика протести на Палестинците.