Halil Şahin
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
ИЗМИР
Претседателот на Светскиот конгрес на Азербејџанците, Асиф Курбан, истакна дека името на претседателот Реџеп Таип Ердоган е запишано во историјата на овој период и дека неговите позитивни придонеси никогаш нема да бидат заборавени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата писмена изјава, Асиф Курбан, наведувајќи дека воделе војна за татковината за да ги ослободат своите територии од окупацијата на Ерменија, рече дека војната завршила на 8 ноември со победа.
Забележувајќи дека Ерменија својот пораз го прогласила на 10 ноември, Курбан потсети дека 8 ноември, кога историскиот град Шуша е ослободен од непријателот, е прогласен за Ден на победата.
Курбан нагласи дека оваа победа, покрај на Азербејџан, е и победа на народот и правдата.
„Во Војната за татковината која започна на 27 септември, Турција и духовно, и политички, од секој аспект застана до нас. Денеска ќе се одржи парада во главниот град Баку по повод победата. Пробите на турската Армија на улиците на Баку за оваа церемонија беа пречекани со љубов и голем интерес. Нашиот народ турската Армија ја гледа како своја и верува во неа", истакна Курбан, потенцирајќи дека му се благодарни на турскиот претседател Ердоган.
„Тој застана до Азербејџан на највисоко политичко ниво. Ниту еден момент не нѐ остави сами. Одблизу ги следеше случувањата. Со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, постојано разговараше на овие теми и даде поддршка. Името на претседателот Реџеп Таип Ердоган е запишано во историјата на овој период и никогаш нема да биде заборавено. Како што се сеќаваме на она што се случи пред 100 години и го запишавме во книги, така и ова ќе се запише. Ќе поминат векови, а идните генерации ќе пишуваат, ќе зборуваат за претседателот Ердоган и неговиот тим, и ќе го споменуваат со почит.“