Emel Gözellik,Nazlı Yüzbaşıoğlu
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
АНКАРА
Од појавата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во кинескиот град Вухан досега, во светот овој вирус е детектиран кај повеќе од 69.260.250 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што секојдневно ги ажурира интернет порталот „Worldometers“, во врска со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот, досега животот го загубија 1.576.169 заразени.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 во светот се искачи на 69.260.257, додека оздравеа 48.013.903 лица позитивни на коронавирусот.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи и предизвикани од коронавирусот. Во оваа земја досега се детектирани 15.820.042 лица позитивни на вирусот и 296.698 смртни случаи предизвикани од заразеност со вирусот.
Земји во светот во кои, покрај САД, вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 надминува 500.000 се:
Индија (9.767.371), Бразил (6.730.118), Русија (2.541.199), Франција (2.324.216), Италија (1.770.149), Велика Британија (1.766.819), Шпанија (1.725.473), Аргентина (1.475.222), Колумбија (1.392.133), Германија (1.242.253), Мексико (1.205.229), Полска (1.088.346), Иран (1.072.620), Перу (977.312), Турција (925.342), Украина (845.343), Јужноафриканска Република (828.598), Белгија (597.643), Индонезија (592.900), Холандија (576.695), Ирак (569.873), Чиле (564.778), Чешка (556.927) и Романија (532.040).
Земји во светот во кои, покрај САД, бројката на смртни случаи надминува 10.000 се:
Бразил (179.032), Индија (141.772), Мексико (111.655), Велика Британија (62.566), Италија (61.739), Франција (56.648), Иран (51.212), Шпанија (47.019), Русија (44.718), Аргентина (40.222), Колумбија (38.308), Перу (36.455), Јужноафриканска Република (22.574), Полска (21.160), Германија (20.704), Индонезија (18.171), Белгија (17.603), Чиле (15.690), Турција (15.531), Украина (14.204), Еквадор (13.814), Канада (12.983), Романија (12.821) и Ирак (12.501).