Adam Abu-bashal
10 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 320 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 19.930 нов случај на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.320.174.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 352 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 54.963.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (22.574), по која следуваат Мароко (6.427) и Египет (6.832).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (828.598), по која следуваат Мароко (388.184) и Египет (119.702).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.977.391 лице.