Oktaj Omeragikj
11 Јули 2025•Ажурирај: 14 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Полната месечина што се издигнуваше на небото над зградата на руското Министерство за надворешни работи создаде прекрасна глетка во Москва, известува Анадолу.
Месечината го осветли историскиот облакодер од ерата на Сталин, формирајќи впечатлив контраст во однос на силуетата на градот.
Овој визуелен момент, кој се совпадна со ведрото небо над руската престолнина, го привлече вниманието на фотографите и на луѓето што уживаа во овој природен феномен.