Mahmut Atanur
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) – Кина објави дека ќе изведува воени вежби во Јужното Кинеско Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеската Единица за морска безбедност, на својата интернет страна објави дека Кинеската морнарица, од 5-ти до 11-ти јули ќе изведува воени вежби во водите на Јужното Кинеско Море.
Вежбите организирани од страна на властите во Пекинг привлекоа големо внимание, особено поради фактот што сè уште не е донесена одлуката од Меѓународниот арбитрарен суд, поврзана со несогласувањето помеѓу Кина и Филипините околу одредени острови во Јужното Кинеско Море.
Филипините, во 2013 година поднесоа судска пријава обвинувајќи ја Кина за присвојување на имотите на островите во Јужното Кинеско Море. Постојаниот арбитрарен суд на ОН, по разгледувањето на доставената пријава од Филипините, се согласи да го разгледа случајот. Судот, кој тогаш објави дека конечната одлука ќе биде донесена во 2016 година, во својата одлука образложена на 151 страници, ги отфрли обвиненијата од страна на Кина дека барањето од страна на Филипините е надвор од надлежноста на судот.
Од друга страна, Кина наведува дека нема да биде обврзана кон одлуката донесена од трети лица, и изјави дека со судската пријава од страна на Филипините, се затвораат сите врати за меѓусебен дијалог, при тоа нагласувајќи дека во никој случај нема да ја признае евентуалната одлука на судот.
Власта во Пекинг не се согласува со Филипините, Виетнам, Брунеи и Малезија, околу суверинитетот врз островите во Јужното Кинеско Море, поради тоа што истото изобилува со богати минерални ресурси. Секоја година транспортните бродови од тој регион во целиот свет остваруваат трговија во вредност од пет трилиони долари.