Tevfik Durul
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ПЕКИНГ (АА) – Поради тоа што во Германија се продаваат маички на кои е отпечатен натпис навредлив за Кинезите, Кина побара од Германија да ја запре продажбата на овие маички на пазарот. Истовремено е упатен повик да се извини фирмата што ги произведува овие маички, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција Синхуа, кинеската амбасада во Берлин побарала од германските власти да преземат мерки за да се спречи интернет-продажбата на маичките на кои пишува „Спасете едно куче, изедете еден Кинез“ и „Спасете една ајкула, изедете еден Кинез“.
По реакцијата од страна на Кина, компанијата „Спредшрт“, која ги продава маичките, се извини и објави: „Забранети се слоганите што имаат навредлива и дискриминирачка содржина од аспект на етничка припадност, националност и религија“.
Но Кина, укажувајќи дека оваа изјава не е доволна, побара да се запре продажбата на овие маички и побарала посеопфатно извинување.