Zülfiya Yakup
06 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, на состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин изјави дека постигнувањето сеопфатен, правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој подразбира меѓусебно признавање, би придонело за јакнење на мирот и стабилноста во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на официјалната посета на Берлин, косовскиот премиер Харадинај го прими германската канцеларка Ангела Меркел, со која разговараше за процесите низ кои поминува Косово, за политичките и економските движења, напредокот и предизвиците со кои Косово се соочува во овие 11 години изградба на државата, како и за европската и евроатлантската перспектива на Косово.
Премиерот Харадинај се заблагодари на канцеларката Меркел за поддршката која Германија на Косово ѝ ја дава во континуитет, од повоените години до денес, во сите области, со посебен акцент на нејзиниот личен ангажман во Берлинскиот процес кој дава резултати во отворањето на европската перспектива и приближувањето на земјите на Западен Балкан кон Европската Унија.
„Граѓаните и Владата на Косово секогаш ќе бидат благодарни на Германија, на германската канцеларка Ангела Меркел и на германскиот народ за помошта и поддршката која ја пружија на Косово за изградбата и економскиот развој на земјата, како и во образованието, здравството, економијата, воениот аспект, редот и законот“, изјави Харадинај, се соопштува од Владата на Косово.
Нагласувајќи ги заедничките западни вредности кои косовскиот народ ги дели со германскиот народ, премиерот Харадинај изјави дека одлуката на Германија е да каже дека либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово зборува за цивилизациските и демократските вредности на една држава.
„Берлинскиот процес е еден од најважните процеси за земјите на Западниот Балкан, а Косово придонесува за подобрувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на соработката со земјите од регионот“, изјави Харадинај.
На состанокот, исто така се разговараше за процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија, за кој премиерот Харадинај изјави дека постигнувањето сеопфатен, правно обврзувачки договор кој подразбира меѓусебно признавање, придонело за јакнење на мирот и стабилноста во регионот.
Германската канцеларка Ангела Меркел, оценувајќи го Косово како сериозна странка во процесот на интеграции, изјави дека Германија ќе продолжи да го поддржува Косово на неговиот евроатлантски пат, јакнењето на меѓународниот субјективитет, како и во можноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји во сите области од заеднички интерес.