Haydar Şahin
02 Март 2026•Ажурирај: 02 Март 2026
ЕРБИЛ (АА) – Министерството за прашања на Пешмерга при Регионалната влада на Курдистан (КРГ) во Ирак го повика ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани да ги запре нападите насочени кон силите Пешмерга, предупредувајќи дека продолжувањето на ваквите напади „нема да остане без одговор“, јавува Анадолу.
Реакцијата следува по напад со вооружено беспилотно летало врз штаб на Пешмерга во подрачјето Дегала, во близина на Ербил.
Во соопштението Министерството го опиша нападот како „разорен напад со цел зголемување на нередот и хаосот“.
„Го повикуваме ирачкиот премиер и врховен командант на вооружените сили Мохамед Шија ал-Судани да ги запре овие напади што се спротивни на законот“, се наведува во соопштението.
Од Министерството додаваат дека одговорните за нападот мора да им бидат предадени на правосудните органи и соодветно санкционирани.
„Продолжувањето на овие терористички напади нема да остане без одговор“, се додава во реакцијата.