Mustafa Deveci
23 Февруари 2024•Ажурирај: 26 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека израелската војска од 7 октомври досега убила над 400 лица кои се засолниле во објектите на ОН во Појасот Газа, кој е под блокада, и дека никој не е безбеден во овој регион, пренесува Анадолу.
Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) објави соопштение на социјалната платформа X во врска со раселените Палестинци во Газа.
Во соопштението се наведува дека над 1 милион од Палестинците кои се раселени поради израелските напади, се засолнети во објектите на УНРВА во Газа, и во околината на овие објекти.
Според соопштението, овие објекти станале „дом“ за сите Палестинци од различна возраст, почнувајќи од новороденчиња, па сѐ до постарите лица.
Во ова соопштение се истакнува дека во израелските напади извршени од 7 октомври во Газа, убиени се над 400 Палестинци кои биле засолнети во објектите на УНРВА.
„Никој и ниту едно место не е безбедно“, се додава во соопштението на УНРВА објавено на социјалната платформа X.
Инаку, УНРВА вчера соопшти дека од 7 октомври досега, 153 објекти на оваа агенција во Газа биле изложени на над 300 напади.