Kemal Zorlak
23 Февруари 2024•Ажурирај: 27 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Сликите и кадрите коишто ги прикажуваат размерите на војната во Украина и кои останаа длабоко врежани во сеќавањата, денес подеднакво болни доаѓаат од Газа, која од 7 октомври минатата година е изложена на немилосрдните израелски напади, пишува Анадолу.
Фотографијата на Олена Курило, која беше повредена по рускиот воздушен напад на Харков во Украина, стана симбол на страдањето на украинските цивили. Слични фотографии се забележани и во Газа, каде голем број жени настрадаа во израелските напади.
Има многу сличности меѓу снимките забележани во Украина и оние на кои денес сме сведоци во Газа. Само друго место и други луѓе, но слични до исти кадри кои ја отсликуваат болката и страдањето низ кои минуваат оние најкревките - цивилите, жените, децата, старите лица.