свет

„Околу 182.000 луѓе се раселени поради израелските напади врз Хан Јунис“

- Координаторот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) на окупираните палестински територии, Андреа де Доменико, на 3 јули изјави дека „девет од десет луѓе во Газа биле раселени барем еднаш“.

Gülşen Topçu  | 27.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
„Околу 182.000 луѓе се раселени поради израелските напади врз Хан Јунис“ Фото: Архива / АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 182.000 Палестинци се раселени поради израелските напади врз Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека неодамнешните интензивни напади врз Хан Јунис предизвикале нов бран на внатрешни миграции.

Околу 182.000 луѓе мигрирале од централните и источните делови на Хан Јунис во периодот од 22 до 25 јули.

Координаторот на OCHA за хуманитарни прашања на окупираните палестински територии, Андреа де Доменико, на 3 јули изјави дека „девет од десет луѓе во Газа биле раселени барем еднаш“.

Израелската армија соопшти дека „ќе биде спроведена операција“ на некои места во источниот дел на Хан Јунис, кои претходно беа прогласени за „безбедни зони“ и ги повика жителите од тие подрачја да се евакуираат.

По повикот за евакуација, Палестинците почнаа да мигрираат од регионот. Според податоците што на 24 јули ги објави владината Канцеларија за медиуми во Газа, во израелските напади врз Хан Јунис се убиени 129 Палестинци, а 416 се ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.