свет

Израел им нареди на жителите на Хан Јунис да се евакуираат кон Ал-Маваси во јужниот дел на Газа

- Израелската Армија изјави дека „останувањето во оваа област станува опасно“ поради „ракетниот оган“ од јужниот дел на Хан Јунис.

Ikrame Imane Kouachi  | 27.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
Израел им нареди на жителите на Хан Јунис да се евакуираат кон Ал-Маваси во јужниот дел на Газа

АНКАРА (АА) - Израелската армија денес им нареди на жителите на Хан Јунис да се евакуираат и да се движат кон Ал-Маваси во јужниот дел на Појасот Газа, област означена како безбедна зона, но која сепак често беше напаѓана, известува Анадолу.

Армијата соопшти дека „останувањето во оваа област станува опасно“ поради „ракетниот оган“ од јужниот дел на Хан Јунис.

„Раното предупредување до цивилите е направено за да се ублажи штетата врз цивилното население и да се држат цивилите подалеку од борбеното подрачје“, ​​се вели во соопштението.

Според официјални палестински извори, на 13 јули израелската армија ги гранатираше камповите за раселени лица во Ал Маваси, убивајќи повеќе од 90 Палестинци и рани речиси 300.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тогаш тврдеше дека цел на воздушните напади биле Мохамед Деиф, врховен командант на бригадите Ал Касам на Хамас и неговиот заменик.

Во израелските брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа убиени се повеќе од 39.000 Палестинци од 7 октомври досега.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.