Burak Bir
06 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, денеска предупреди против потценувањето на Турција во Источниот Медитеран или прекршувањето на нејзините права и правата на оние во Турската Република Северен Кипар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оние кои одат против легитимните права на Турција и Турската Република Северен Кипар или ја отфрлуваат Турција во регионот, нема да бидат во можност да ги постигнат нивните цели“, изјави Октај во Лефкоса.
Октај, кој се наоѓа во Турската Република Северен Кипар за билатерални економски средби, зборуваше во врска со протестирањето на Турција против едностраното истражување на енергијата од страна на кипарските Грци, и која испраќа свои бродови за сондажа, а на чиј екипаж грчки Кипар се заканува.
Турција постојано нагласуваше дека кипарските Турци исто така имаат права на ресурси во регионот и дека Анкара има право да спроведува активности за истражување и сондажа.
Осврнувајќи се на економијата на Турската Република Северен Кипар, Октај ја нагласи потребата за фискална дисциплина.
„Очекуваме да бидат преземени конкретни чекори што е можно поскоро“, додаде тој.
Во 1974 година, по државниот удар, со цел да се анектира Кипар од страна на Грција, Анкара мораше да интервенира како гарант. Во 1983 година беше основана Турската Република Северен Кипар (ТРСК).
Во текот на неколку децении оттогаш постоеја неколку обиди за решевање на кипарскиот спор, при што сите завршија со неуспех. Последниот, кој се одржа со учество на земјите гаранти - Турција, Грција и Велика Британија, заврши во 2017 година во Швајцарија.