Dmitri Chirciu
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека постои опасност од спречување на преговорите околу Уставотворната комисија на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Постојат голем број страни кои сакаат овој процес да се заврши без успех. Во тој случај, активностите околу вклучувањето во воена интервенција во Сирија можат да бидат оправдани“, изјави Лавров.
Лавров во Москва се состана со министерот за надворешни работи на Непал, Кумар Гјавали, а на заедничката прес-конференција се осврна и на активностите околу воспоставувањето на Уставотворна комисија на Сирија.
Тој потсети дека првиот состанок на Комитетот поминал многу позитивно.
„Страните во оваа фаза се согласија за сите прашања кои се однесуваат на функционирањето на Комитетот“, изјави Лавров.
„Западните земји претходно се обидоа да го спречат процесот на Уставотворната комисија на Сирија“, додаде Лавров, и порача дека е потребно да се преземат неопходни чекори во контекст на спроведувањето на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН.