Şerife Çetin
25 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, истакна дека секоја трета жена на европскиот континент е изложена на физичко или сексуално насилство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Могерини објави писмено соопштение по повод 25 ноемри - Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, во кое нагласи дека насилството врз жените во суштина го таргетира целото човештво.
„Тоа не треба да го дозволиме ниту во светот ниту во Европа, но и покрај сета наша одлучност, многу сме далеку од надминување на овој предизвик“, рече Могерини, додавајќи дека овој проблем е на алармантно ниво.
„Секоја трета жена на европскиот континент е изложена на физичко или сексуално насилство. Речиси сите жртви на сексуално вознемирување и шверцување на овој континент се жени“, истакна Могерини.
Таа рече дека борбата против насилството врз жените е заедничка одговорност на меѓународна заедница и ЕУ.
Според неа, ЕУ ќе продолжи одлучно со борбата во оваа насока.