Mesut Zeyrek
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
КОЛН (АА) - Предлогот на австрискиот вицепремиер и лидерот на Слободарската партија (FPO) Хајнц-Кристијан Штрахе , бегалците во оваа земја да се сместат во касарна и да им се воведе еден вид на полицискиот час, иницираше низа дискусии во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Штрахе гостуваше во програмата „Wien heute" (Виена денеска) на телевизијата ОРФ, и во оваа прилика изјави дека мигрантите, додека чекаат одговор на упатените барања за азил, во тој период треба да се држат под контрола во касарната.
„Претходно се дискутираше дека мигрантите до одредено време треба да се вратат во касарната. Неопходно е додека чекаат на одговор на барањето за азил треба да бидат под одредена контрола. Поради тоа може да престојуваат во касарните", рече Штрахе.
Тој исто така изјави дека доколку се држат под контрола на едно место, на тој начин би се намалиле некои проблеми. Опозициските партии тврдат дека предлогот на Штрахе всушност значи затворање на бегалците, а тоа е, како што е наведено, еден нехуман пристап и како таков е неприфатлив.