Elena Trenchevska Chekovic
25 Март 2026•Ажурирај: 26 Март 2026
БЕРЛИН (AA) - Активисти од групата „Мирно против геноцидот“ (Peacefully Against Genocide) денес одржаа протест пред седиштето на „Рајнметал“ во Берлин, една од најголемите германски компании за одбранбена и автомобилска технологија, јавува Анадолу.
За време на протестот неколку демонстранти се искачија на покривот на седиштето за да постават палестинско знаме. Други истурија црвена боја по фасадата на седиштето.
Во воената кампања на Израел врз Газа, која траеше две години, убиени се повеќе од 72.000 Палестинци, повредени се околу 172.000 и предизвикано е опсежно оштетување на околу 90% од инфраструктурата.
Договор за прекин на огнот беше постигнат во октомври 2025 година, но Израел продолжува со речиси секојдневни напади во кои досега животот го изгубија 687 Палестинци, а повредени се 1.849.