Erbil Başay
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Запален е дел од џамијата „Коџа Синан" при Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) која се наоѓа во главниот град на Германија, Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).
Бајрам Турк, имам на оваа џамија која се наоѓа во подрачјето на Реиникендроф, во изјава за Anadolu Agency (АА) истакна дека во околу 02:00 часот по локално време откриле дека избувнал пожар во џамијата. Кога дошол во џамијата видел дека влезот и дел од комплексот на џамијата биле запалени.
„Противпожарните служби интревенираа врз пожарот“, рече имамот Турк.
„Двајца сведоци рекоа дека три лица со покриено лице фрлиле запалива материја и веднаш избегале“, истакна имамот Турк, и додаде дека џамијата е во неупотреблива состојба поради пожарот.
Од берлинската полиција соопштија дека е започната истрага околу случајот, додека се претпоставува дека напаѓачите скршиле стакло од дел од џамијата пред да подметнат пожар.