Burç Eruygur
20 Февруари 2026•Ажурирај: 23 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес го назначи заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин за нов амбасадор на земјата во Турција, јавува Анадолу.
Разрешувањето на Вершинин од функцијата заменик-министер за надворешни работи и неговото последователно назначување за руски амбасадор беше официјализирано со претседателски декрети објавени на порталот на руската Влада.
Неговото назначување доаѓа пет месеци откако поранешниот амбасадор во Турција, Алексеј Јерхов, беше назначен за амбасадор во Ташкент со претседателски декрет на 5 септември. Дипломатската мисија на Русија во Анкара оттогаш ја водеше вршителот на должноста амбасадор Алексеј Иванов.
Со посебен декрет Путин го назначи рускиот амбасадор во Египет, Георги Борисенко, за заменик-министер за надворешни работи.
Вершинин, роден во 1954 година, дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи во 1976 година и на Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи во 1991 година.
Тој беше на различни позиции во руските дипломатски мисии во Мароко, Алжир и Тунис, а амбасадор во Алжир од 1999 до 2003 година.
Од 2004 година тој врши различни функции во Министерството за надворешни работи, а исто така беше и заменик-министер за надворешни работи од 2018 година до неговото неодамнешно назначување.