Ekip
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ТОКИО (АА) - Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД се подготвуваат за објавување на досега најтешките и најагресивни економски санкции кон Северна Кореја со кои сакаат да го зајакнат притисокот врз воинствената Влада во Пјонгјанг за време на Зимските олимписки игри, пренесува Anadolu Agency (AA).
„САД наскоро ќе ја открие досега најтешката и најагресивна серија економски санкции кон Северна Кореја. Ќе продолжиме да ја изолираме Северна Кореја сè додека не се откаже од нуклеарната програма и тестирањето на балистички ракети еднаш и засекогаш“, изјави потпретседателот на САД.
Пенс, кој во петок на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе ја предводи американската делегација, санкциите ги најави денес за време на престојот во Јапонија, каде што се состана со премиерот Шинзо Абе.
Пенс нагласува дека патува во Пјонгчанг за да учествува на симболичните настани кои ќе укажат на севернокорејското кршење на човековите права и на нуклеарната програма.