Atila Altuntaş
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
СТОКХОЛМ (AA) - Шведска упати барање до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за одржување нов состанок околу состојбата на муслиманите во Аракан, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Шведска побара од Советот за безбедност на ОН да се одржи нов состанок околу последната состојба во Мјанмар“, напиша во објава на „Facebook“ (Фејсбук) шведската министерка за надворешни работи, Маргот Валстром.
Валстром нагласи дека состанокот ќе се одржи наскоро, и дека на состанокот ќе се фокусираат на состојбата на бегалците и нивното враќање на своите територии.
Истакнувајќи дека Шведска како привремена членка, активно работи да го привлече вниманието на Советот за безбедност на ОН кон Мјанмар, Валстром потсети дека изминатата есен престојувала во посета на Мјанмар.