Oktaj Omeragikj
07 Јули 2025•Ажурирај: 11 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - На плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, Бразил, се одржа протест поради истражувањето на нафта во Амазон, известува Анадолу.
Еколошки активисти поставија три статуи на делфини покриени со нафта во обид да го привлечат вниманието кон зголеменото истражување на нафта и употребата на фосилни горива во Амазон.
Амнести интернешнл ги критикуваше политиките на Бразил што се спротивни на неговите еколошки обврски во рамките на БРИКС, предупредувајќи дека истражувањето на нафта и употребата на фосилни горива во Амазон претставуваат „сериозни и итни“ еколошки ризици.