Bahattin Gönültaş
13 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Илон Маск, главниот извршен директор на компанијата за производство на електрични возила „Тесла“, соопшти дека неговата компанија ќе ја изгради својата втора фабрика надвор од САД во близина на германскиот главен град, Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).
Маск учествуваше на 43. церемонијата за доделување на наградата „Златен волан“ организирана од страна на „German Auto-Bild Group“ во Берлин, каде што рече дека фабриката, којашто ја нарече „Gigafactory 4“, ќе биде изградена во близина на Берлин.
Од друга страна, Маск подоцна во објава на Твитер нагласи дека фабриката ќе биде именувана „Giga Berlin“, и во неа ќе се врши производство на батерии, погони и возила.
Маск напиша дека првиот автомобил што ќе се произведува во оваа фабрика ќе биде „Model Y“.
Се очекува оваа фабрика во 2021 година да почне со производство, и да вработи околу 10.000 лица.