Beyza Binnur Dönmez
02 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да го стори својот дел за да помогне во намалувањето на тензиите меѓу Пакистан и Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зголемувањето на тензиите меѓу Индија и Пакистан не помага на никого“, изјави Ердоган во Трабзон, на митингот за локалните избори.
Ердоган го пофали потегот на Пакистан во предавањето на индискиот пилот, и додаде дека очекува да види слични чекори од страна на Индија.
Индискиот пилот, командантот на ескадрилата на воздухопловните сили, Абхинандан Вартхаман, вчера беше предаден на индиските власти од страна на Пакистан.
Вартхаман беше задржан во Пакистан откако неговиот авион беше урнат во средата, во борбата со пакистанските авиони долж де факто кашмирската граница.
Еден ден подоцна, пакистанскиот премиер Имран Кан го објави неговото ослободување. Овој гест на добра волја беше широко поздравен.