Sanela Crnovrsanin
10 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
САРАЕВО (AA) - Заменик-претседателот на Кабинетот за вонредни ситуации на Република Турција (АФАД), Исмаил Палакоглу, истакна дека Турција кон сириските бегалци од првиот ден се однесува како кон своите граѓани.
Палакоглу престојуваше во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, каде што е одржан дводневен регионален состанок на Иницијативата на Југоисточна Европа за превенција и подготвеност во случај на катастрофи (DPPI SEE).
Говорејќи за активностите на АФАД, Палакоглу во разговор за Anadolu Agency (AA) истакна дека своите активности ги спроведува во соработка со јавните установи, турските невладини организации, но исто така и со меѓународните организации.
Палакоглу истакна дека колку што е важно да се инвестира во случај на вонредна ситуација, исто толку е важно да се утврдат подрачјата кои се соочени со ризикот на настанување на вонредна состојба, да се извршат подготовки, за да се спречи и да се надмине со што помалку губитоци. Според неговите зборови, АФАД од самото основање формирал план за интервенција, и во изминатиот период сериозно работел на намалување на ризикот од вонредни ситуации.
Потсети дека Иницијативата на Југоисточна Европа за превенција и подготвеност во случај на катастрофи (DPPI SEE) дејствува од 2000 година, опфаќа 10 земји од регионот и дека Турција пристапила кон оваа Иницијатива од 2008 година.
Говорејќи за бегалската криза која започна откако избувна војната во Сирија, Палакоглу потсети дека неговата земја ги отворила вратите и примила околу 3,5 милиони сириски бегалци.
„Турција ги отвори вратите, ги отвори своите срца на сириските браќа. Не остана набљудувач на ситуацијата во која се наоѓаат. Нашата држава, нашата Влада и сите институции, заедно со невладиниот сектор, дејствуваат заедно. Ние, исто така, како Кабинет за вонредни ситуации, им пруживме поддршка на сириските бегалци кога станува збор за нивното сместување и храна, како и поддршка во образованието и здравството. Пруживме многу сериозна поддршка, и таа ќе продолжи“, рече Палакоглу, и истакна:
„Турција кон сириските бегалци од првиот ден се однесува како кон своите граѓани.“
„Кога станува збор за пружањето помош на овие луѓе, Турција направи многу повеќе отколку што е предвидено со меѓународните стандарди. Она што го знаеме е дека сириските бегалци на тлото на Европа се во многу потешка ситуација“, смета Палакоглу.