Bahattin Gönültaş
06 Јуни 2019•Ажурирај: 07 Јуни 2019
БЕРЛИН (АА) - „Фиат Крајслер“ (Fiat Chrysler) го повлече предлогот за обединување со групацијата „Рено“ (Renault), со седиште во Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави „Фиат Крајслер“ се вели дека предложената понуда, земајќи ги внимателно предвид интересите на двете компании, од самиот почеток била широко прифатена.
Во соопштението во кое се истакнува дека моменталните услови во Франција не даваат можност за едно вакво обединување, се вели „Под раководство на Џон Елкан се собра Управниот одбор на „Фијат Крајслер автомобили“ и донесена е одлука веднаш да се повлече предлогот за обединување упатен до групацијата „Рено“.“
Вчера во соопштението објавено од страна на францускиот производител „Рено“ се наведува дека по предлог на членовите, собран е Управниот одбор на групацијата, со цел да се донесе одлука за понудениот предлог, но претставниците на француската Влада на состанокот побарале одлагање на периодот, поради што не е донесена одлука.
„Фиат Крајслер автомобили“ (Fiat Chrysler Automobiles) на 27 мај понуди предлог за партнерство меѓу двете компании од 50-50.
„Рено“, кој произведува автомобили уште од 1898 година, минатата година продаде 3,9 милиони возила во 134 земји. Компанијата има 36 објекти за производство, 12.700 продажни точки и повеќе од 180.000 вработени. Француската држава со 15% е најголем акционер во компанијата „Рено“.
И двете компании имаат свои фабрики во Турција.