Ekipa
12 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, сака да ја зајакне крајбрежната стража на ЕУ и Европската канцеларија за врски, за да се подобри надгледувањето на надворешните граници и да се забрза депортацијата на нелегалните мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јункер денес во Европскиот парламент во Стразбур изјави дека „надворешните граници мора да бидат поефикасно заштитени“.
Тој додаде дека Европската комисија предлага постојаниот корпус за граничната и крајбрежната стражарска служба да брои 10.000 лица, вклучувајќи и стражари и експерти за миграции.
Силите во потполност би биле оперативни во 2020 година, а според зборовите на Јункер, за тоа Европската Унија би требало да издвои околу 2,2 милијарди евра.
Останува земјите членки на ЕУ да го одобрат предлогот. Многу нации изразија загриженост поради фактот дека нивните граници би ги контролирале службеници од други земји, иако станува збор за европски партнери.