Adem Şalvarcıoğlu
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Американското економско списание „Форбс“ ја објави листата на „најмоќните луѓе на светот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според листата на „најмоќните луѓе во светот за 2018 година“, подготвена од списанието „Форбс“, на првата позиција се наоѓа кинескиот претседател Си Ѓинпинг, следува рускиот претседател Владимир Путин, додека на третата позиција се наоѓа претседателот на САД, Доналд Трамп.
Претставниците на „Форбс“ информираа дека при подготовката на листата на која се наоѓаат 75 лица, ја зеле предвид нивната способност да влијаат врз луѓето и ефикасноста да ја користат власта и финансиските извори кои им се дадени.
Вниманието го привлече кинескиот претседател Си Ѓинпинг, надминувајќи го Путин, кој четири години се наоѓаше на врвот.
Листата на првите десетмина највлијателни лица во светот, според „Форбс“:
1. Си Ѓинпинг, претседател на Кина
2. Владимир Путин, претседател на Русија
3. Доналд Трамп, претседател на САД
4. Ангела Меркел, канцеларка на Германија
5. Џеф Безос, основач на „Амазон“
6. Папата Франциско, духовен лидер на католиците
7. Бил Гејтс, основач на „Микрософт“
8. Мухамед бин Селман, престолонаследник на Саудиска Арабија
9. Наренда Моди, премиер на Индија
10. Лари Пејџ, основач на „Гугл“