Zehra Ulucak
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Поранешниот системски аналитичар на Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ) и Националната агенција за безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден е обвинет дека во име на разузнавачката служба на САД, ги следи имејл-сметките на стотици милиони луѓе поставени на технолошкиот гигант „Јаху“, јавува Anadolu Agency (AA).
Веста којашто се појави во меѓународниот печат дека на барање на разузнавачката служба на САД, се следат имејл-адресите на стотици милиони лица, предизвика голема реакција кај корисниците на овој сервис.
Адвокатот на АКЛУ, Патрик Тумеј изјави: „Водејќи се според извештајот, наредбата што била дадена на ‘Јаху’ е противуставна“.
Тумеј рече дека изгледа оти „Јаху“ бил принуден на тој чекор: „Жално е што ‘Јаху’ не го одбил тоа барање, бидејќи корисниците поради можноста од шпионирање, им веруваат на технолошките компании“.
По излегувањето на аферата за следење на имејл-адресите во САД и во светот, поранешниот официјален претставник на НСА, Сноуден, преку својот профил на социјалната мрежа препорачал корисниците да ги затворат своите имејл-адреси.
На својот профил, Сноуден напишал: „Користите ‘Јаху’? Сето она што сте го напишале, е противзаконски, тајно скенирано. Затворете ја имејл-адресата денеска“.
Директорот на Амнести интернешнал за технологија и човекови права, Шериф Елсајед Али изјави: „Доколку оваа вест е точна, тогаш тоа во голема мера ќе ја потресе довербата во интернетот“.
Не се даваат информации кои се зборовите што владата барала да се скенираат во имејл-пораките.
Официјалните лица на ‘Jаху’ за наводните обвинувања не дадоа никаков коментар. Компанијата даде соопштение во кое се вели: „’Јаху’ е компанија којашто ги почитува законите и е покорна на законите на САД“.
Минатиот месец „Јаху“ соопшти дека во 2014 година бил извршен кибер-напад врз центарот за податоци.
Хакерите успеале да ги преземат податоците за 500 милиони корисници, нивните имиња, имејл-адреси, телефонски броеви, датум на раѓање, лозинки, сигурносното прашање и неговиот одговор за потврда на имејл-адресата.