Burak Bir
17 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот агент на американската Национална безбедносна агенција (NSA), Едвард Сноуден, порача дека сака да се врати во Соединетите Американски Држави (САД) доколку му се гарантира фер судење, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сакам да се вратам во САД, тоа ми е крајна цел“, изјави Сноуден за „Си-би-ес“ (CBS).
Истакнувајќи и дека е подготвен остатокот од животот да го помине зад решетки, доколку му се овозможи фер судење, Сноуден изјави дека американската Влада не сака да даде таква гаранција бидејќи нема да му дозволи да го брани јавниот интерес.
Денес се очекува објавување на книгата на Сноуден, „Permanent Record“.
Поради објавувањето на илјада тајни документи, вклучувајќи и тајни снимки на телефонските разговори на многу светски официјални претставници, Сноуден во САД се товари за шпионажа и предавство и му се заканува затворска казна до 30 години.
Сноуден по споменатиот скандал во јуни 2013 година пристигна во Москва, а руските власти во август истата година му дадоа азил. Има дозвола за престој во Русија до наредната година.