Mahmoud Barakat
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНБАР (АА) - Ирачката армија вчера го презеде островот Рамади во западниот дел на Ирак од милитантите на ДАЕШ, изјави командантот на армијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за АA, генерал-мајорoт Исмаил ал-Махалави, шеф на армиската Оперативна команда за операции во Анбар, изјави дека ирачките сили, поддржани со воздушните напади од страна на САД, ја презеде контролата на островот и неутрализира голем број милитанти на ДАЕШ.
„Нашите сили сега се распоредени низ островот и работaт на деактивирање на нагазните мини поставени од страна на милитантите на ДАЕШ“, рече тој.
Во средината на 2014 година, ДАЕШ го зазеде Мосул, втор по големина град во Ирак, заедно со големи површини територија во северниот и во западниот дел на земјата, вклучувајќи и голем дел од Анбар.
Во последните неколку недели и месеци, ирачката армија, поддржана од коалицијата на 60 држави предводени од САД, успеа да заземе голема територија. Сепак, под контрола на ДАЕШ се неколку делови на земјата, вклучувајќи го и Мосул.
Ирачките трупи и пешмерга-борците неодамна вратија под своја контрола неколку области на периферијата на Мосул, за кој ирачките официјални претставници ветија дека ќе го ослободат од ДАЕШ до крајот на годината.