Barış Seçkin
13 Март 2023•Ажурирај: 14 Март 2023
РИМ (АА) - Италија спаси најмалку 17 нерегуларни мигранти, додека 30 други се водат како исчезнати откако нивниот брод се преврте кај брегот на Либија во Медитеранот, јавува Анадолу.
Командата на италијанската Крајбрежна стража соопшти дека спровела спасувачка операција насочена кон брод со 47 луѓе на околу 177 километри од брегот на Либија, откако била предупредена од добротворната организација „Аларм телефон“, која прима повици од бродовите со мигранти во неволја и прима барање за поддршка од либиските власти.
Се додава дека два комерцијални брода во регионот и патролен авион на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) продолжуваат со потрагата по исчезнатите мигранти.