Şenhan Bolelli
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
МАДРИД (АА) – Четриесет и четири нерегуларни мигранти ги загубија животите во потонувањето на бродот со кои тргнале од брегот на Западна Сахара на пат до Канарските Острови во југозападниот дел на Шпанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од шпанската невладина организација „Каминандо Фронтерас“, се нагласува дека брод со нерегуларни мигранти, кој тргнал од Бохадор во Западна Сахара, потонал додека се обидувале да стигнат до Канарските Острови.
Како резултат на потонувањето на бродот загинале 44 мигранти, а 12 се спасени.
Хелена Малено, портпаролка на невладина организација „Каминандо Фронтерас“ истакна дека телата на 7 од нерегуларните мигранти кои ги загубија животите се извадени од морето, а останатите сè уште се во морето.
Сличен инцидент се случи во истиот регион на 11 март, а како последица на потонување на брод животот го загубија над 40 нерегуларни мигранти, меѓу кои и жени и деца.
Миграцијата од северноафриканските брегови кон Канарските Острови е значително зголемена во последните години. Повеќе од 7.000 нерегуларни мигранти пристигнаа во Шпанија од почетокот на годината.
Соопштено е дека има зголемување на миграцијата од речиси 60 проценти во овој период, во споредба со истиот период од минатата година.