Seyit Ahmet Aytaç
12 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Низ Турција фатени се речиси 230 нерегуларни мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори соопштија дека во северозападната турска област Киркларели, во подрачјето на Кофчаз и Демиркој фатени се 73 нерегуларни мигранти, меѓу кои и жени и деца.
Мигрантите, државјани на Авганистан, Пакистан, Ирак и Иран, се фатени во обид да стигнат во Европа.
Безбедносните сили во подрачјето на Аралик, во североисточната област Игдир, фатиле 16 државјани на Авганистан, меѓу кои и жени и деца.
Во друг случај, фатени се 39 нерегуларни мигранти од Сирија од страна на жандармеријата и Крајбрежната стража во Алтинозу, во турската област Хатај.
Во источната област Ван, пак, безбедносните сили задржале 80 нерегуларни мигранти од Авганистан и Пакистан.
Во Бодрум, Мугла, 21 мигрант се пронајдени недалеку од островот Тулуџе. Меѓу мигрантите од Сомалија, Сирија и Палестина имало и деца.
Безбедносните сили уапсија тројца осомничени лица за криумчарење луѓе.
Турција е главна рута за нерегуларните мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа, особено по почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.